,,Премиерот” е урнебесна хит комедија која ќе ја насмее публиката до солзи, а е закажана на 04 април во Македонски народен театар . Целата ситуација се случува во време на избори.
Низ призмата на театарскиот јазик со многу комични ситуации публиката ќе може да види што се случува во кабинетот на премиерот. Како е да си премиер? Како е соочувањето на кандидатите за премиер? Како се станува премиер? Кој се може да биде премиер? Како е да ја добиеш или изгубиш премирската столица? Дали еден естраден уметник може да стане премиер и да ја води владата?
Сите овие прашања и уште многу други низ призмата на комедијата ќе бидат одговорени во оваа урнебесна комедија.
,,Премиерот” ќе ги насмее сите и е комедија во која нема вулгарности, туки низ призма на минатото, сегашноста, со свои видување на секој од нас кон иднината, ќе ја насмее публиката. Во ликовите и ситуациите секој може да се препознае, бидејќи тоа што оваа комедија ја прави поразлична од другете е тоа дека е комедија за сите, без никого да навреди. Целта е да се насмееме, уживаме и да си погледнеме малку онаму каде ретко кој може да погледне.
Автор е Огнен Неделковски, режија Сашо Ристовски, а играат: – Магдалена Ризова-Черних, Сашо Ристовски, Бранко Атанасов, Ема Давчева. Продукцијата е на театар ХИТ 2024.
По премиерата изведби ќе има ширум градовите.