Пријавени две жртви и повеќе повредени во тешката сообраќајна несреќа што во полиција е пријавена денеска во 12.40 минути. Сообраќајката се случила на експресниот пат Штип – Кочани во делот меѓу селата Крупиште и Чешиново, потврдија од СВР Штип.
Во моментот се врши увид и патот останува целосно затворен во двата правци. Возачите го користат стариот магистрален пат.
Има различни информации за бројот на возилата што учествувале во сообраќајката – според едни се работи за три возила, според други, дека се работи за повеќе возила.
Повредените се транспортираат, по што ќе може да се каже повеќе за видот на повредите, но и за причината за сообраќајната несреќа.
Од Клиничката болница – Штип потврдија дека кај нив се донесени двајца повредени и во моментов се на преглед, по што ќе се знае дали ќе бидат задржани во болницата или препратени во Скопје.