На Аеродромот Скопје царинарниците заплениле 185 илјади норвешки круни кај норвешки државјанин со потекло од Косово, соопшти денеска Царинската управа.
-Запленети 185 илјади норвешки круни, откако патник на излез од државата на Аеродром Скопје не ги пријавил истите кај царинскиот орган. Патникот, инаку норвешки државјанин со потекло од Косово, со себе во црна торба носел 305 илјади норвешки круни кои царинските службеници ги пронајдоа при контрола на скенер, се вели во соопштението.
Согласно Законот за девизно работење му се вратени 120 илјади норвешки круни, а останатите се запленети. Против патникот е поднесена соодветна пријава.