Општина Карпош денаска објави Јавен повик за субвенционирање на млади лица кои се жители на општина Карпош, за посетување на обуки за теоретски и практичен дел, за полагање на возачка дозвола од Б категорија.
За оваа намена, Општина Карпош од својот буџет обезбеди вкупно 7 милиони денари, а јавниот повик ќе трае до исцрпување на средствата водејќи се според принципот „прв дојден, прв услужен“.
Kaко што информираат од Општина Карпош, право на субвенција имаат младите лица кои се родени во 2006 година, односно кои во 2024 година ќе наполнат 18 години, кои мора да се жители на општина Карпош заедно со нивните родители, најмалку 3 (три) години до денот на поднесување на барањето.
Во овој случај, висината на субвенцијата ќе биде определена според следните критериуми:Двајца родители со вкупен приход до 80 илјади денари,нивните деца добваат сто посто од износот за обуката, ако се во категорија од 80 до 100 илјади денари се ослободени 75 проценти, од 100 до 120 илјади денари добиваат 50 процети ,а ако двајцата родители имаат над 120 илјади денари вкупен приход ,нивните деца добиваат само 25 проценти од износот на обуката.
Воедно од Општина Карпош појаснуваат дека притоа целосно ќе бидат разгледани барањата за субвенции, само на оние лица кои уплатиле парични средства за посетување на обука за теоретски и практичен дел за полагање за возачка дозвола, по добиената Потврда од страна на Општина Карпош за исполнување на критериуми и само во оние авто школи кои имаат склучено Договор со Општината. Во таа насока тие ги објавија и авто школите, кои се избрани по претхотно објавениот Јавен повик.ад/
Фото: Општина Кисела Вода