Професорката Билјана Ванковска ќе биде кандидат на партијата Левица за претседателските избори.
Ова го соопшти претседателот на Левица, Димитар Апасиев, кој истакна дека го имаат најдобриот кандидат.
-Мислиме дека го имаме најдобриот разумен кандидат. Чувствуваме должност да одбереме квалитетен кандидат. Професорката за среќа ја прифати нашата понуда и мислиме дека конечно е дојдено време народот да може да избере. Мислиме дека го имаме најдобриот кандидат и затоа први го обзнанивме, рече Апасиев.
Професорката Ванковска, пак, рече:
-Се чувствувам како дел од тимот иако не сум член на партијата. Порано коментирав настани, кога другите молчеа, сте ме гледале во разни движења. Мојата основна професија е професорската и тоа останува. Јас се обидов да соберам потписи пред 10тина години, без никаква помош, волонтерски. Сега, 10 години подоцна излегувам на политички терен, бидејќи сватив дека многу нешта се променија. овој пат нема да бидам „политичка манекенка“, не сум случаен минувач во политиката, овој пат сум со поголема самодоверба. Патриотизмот и левичарството ме доближува до нив, кои мислам дека ќе ги презентираме во текот на кампањата. Си веруваме дека хармонијата во нашите настапи ке постои, ќе ги извадиме ракавиците и помина времето на поличичката коректност. За 10 години Македонија е се што немаме. Политиката дава очајнички резултати, особено оваа техничка влада која е погубна. За овие 10 години светот се измени. Напите политичари застанале во времето. Мислам дека ни треба водење политика со отворени очи. Мислам дека со мојата професура и знаење ќе ми помогне да го најдам сопствениот компас, рече Ванковска и додаде:
-Никогаш не сум криела дека имам леви погледи на светот и пред да постои Левица, која беше прогласена на 14 ноември, на мојот роденден, кажа таа.
Првиот круг претседателски избори во државава ќе се одржи на 24 април, додека вториот круг на 8 мај, заедно со парламентарните избори