На кралот Чарлс му е дијагностицирана форма на рак, соопшти Бакингемската палата. Не се споделени повеќе детали за стадиумот на ракот или за прогнозата, јави Би-би-си.
Тоа не е рак на простата, туку бил откриен за време на неговиот неодамнешен третман за зголемена простата.
Видот на ракот не е откриен, но според соопштението на палатата, кралот денеска почнал со „редовни третмани“.
Бакингемската палата вели дека кралот „останува целосно позитивен во однос на својот третман и со нетрпение очекува што е можно поскоро целосно да ѝ се врати на јавната должност“.
Тој ќе ги одложи јавните ангажмани и се очекува други високи членови на кралското семејство да го заменат за време на неговото лекување. Тој ќе паузира со јавните настани, но ќе продолжи со својата уставна улога како шеф на државата. Кралот Чарлс пред повеќе од една недела имаше операција на простата во приватна болница во Лондон.