Денеска (03.02.2024) полициски службеници од СВР Скопје ја пронајдоа Р.М. (14) од Скопје, за која нејзиниот татко С.М. на 01.02.2024 пријави дека се оддалечила од домот, информира МВР вечерва.
Малолетничката ќе биде предадена на нејзиниот татко.
Девојчето за исчезнато било пријавено на 1 февруари, граѓаните масовно го споделуваа апелот од родителите и за среќа е пронајдена по два дена потрага.