Денеска се одржаа два протеста во Скопје против најавената изградба на коплексот висококатници, едниот започна на платото пред СРЦ „Борис Трајковски“ во организација на „Независни за Карпош – За заштита на Карпош“ со подршка на голем дел граѓански организации и здруженија, а другиот го организираше Левица во близина на градилиштето.
Со транспраенти граѓаните порачаа „Преку Стевче ни е“, „Карпош не е Чикаго“, „Карпош не е Дубаи“.
Граѓаните од Карпош бараат да запре изградбата на 17-катницата кај Воена болница, а институциите да реагираат на волјата на народот. Порачаа дека не смее да се гради во близина на комплекс болници затоа што така ќе се загрози безбедноста на оние што ќе треба да стигнат до болница.
Тие бараат да се поништи, како што велат, нелигитимното конзерваторското мислење врз кое е издадена градежната дозвола и да се оневозможи изградбата на овој компекс во рамки на заштитена зона.
Претседателот на Советот на Општина Карпош од редовите на Левица, Бранко Ристов на присутните им пренесе дека оваа област е предвидена за болнички комплекси, со поликлиника, болница и две станици за брза помош и нема НИКАКВА ЗДРАВА ЛОГИКА на овој простор да се изгради станбен комплекс!
Тој најави дека Левица ќе поднесе неколку предлог одлуки за стопирање и ревизија на предвидените штетни ДУП-ови на Општина Карпош и најави долга, како што рече, институционална борба против апетите на крупниот капитал.
Фото: Телма