Порталот призма во своето најново истражување пишува дека во функционерската зграда во Скопје која уште ја викаат „парламентарка“ има станари кои повеќе не се функционери, но ги уживаат удобностите на становите што некогаш ги добиле поради својата позиција.
Призма повикувајќи се на извори во акционерското друштво дознава и за случаи кога поранешни функционери одбиле да се иселат, но се жалеле до владината Комисија за станбени прашања, па барале да не бидат иселени додека не го решат станбеното прашање.
„Дванаесеткатницата во центарот на Скопје се наоѓа веднаш до меѓуградската автобуска станица на улицата што го носи името на писателот на „Крпен живот“, Стале Попов. Зградата го доби епитетот поради тоа што во неа за симболични цени се издаваат службени станови, кои ги користат уште 33 функционери. Објектот е меѓу првите висококатници во тој реон, изграден во 2000 година. Тогаш немаше други „бетонски“ соседи околу неа. Денес е поинаку. Околу се гради насекаде. За речиси 24 години „центарски живот“, крие многу приказни“, пишува Призма.
Порталот потсетува дека во неа, за локалните избори во 2013 беа регистрирани гласачи од албански Пустец и од внатрешноста на Македонија.
Целото истражување може да го прочитате на следниов ЛИНК.