Кога ќе чуете Слаткар и концерт, веднаш ви текнува на “Слаткаристика будало” и преполна Метрополис арена! На 16 март, пак, од 21 часот ќе биде преполн Скопје евент центар, бидејќи Слаткар ќе слави јубилеј, 15 години кариера.
Но, таа, 2009-та година, сите го запознавме раперот кој беше поинаков од се’ што сме виделе дотогаш. Тогаш Слаткар го издаде легендарниот албум “Слаткаристика будало” кој се продаде во рекордни 48 часа, а исто така за миг распродадената концертна сала стана реалност и за еден македонски артист.
Слаткар, на свои 23 години постави стандарди на перформанс во живо, одржување концерти на светско ниво, распродавање албуми и арени, а песните од тоа време и ден денес ги пеат сите генерации.
Денес, после 15 години… тој најавува ретроспектива на сите хитови, од сите временски ери од неговото творештво, а публиката после повеќе од деценија, од излагањето на албумот “Слаткаристика будало”, ќе има можност да присуствува на одличен настап во живо на Слаткар со неговиот бенд, за уште еден концерт за паметење!
Специјални гости ќе бидат Тони Зен и 2Бона.
Картите може да се купат на: https://mktickets.mk/event/slatkaristika/