Поротата во Ново Мексико повторно го обвини Алек Болдвин за убиство од небрежност, па одреден е датумот на судењето.
Закажано е за четврток, 1 февруари, кога ќе се соочи со обвинение за убиство од небрежност откога ја усмрти снимателката Халина на филмски сет. Тоа ќе биде првпат актерот да биде изведен пред окружниот суд во Ново Мексико, но нема да се појави во живо, туку виртуелно, пишува „Дејли мејл“.
Поротата гласаше за подигање обвинение против него на 19 јануари.
Болдвин ја уби кинематограферката Халина Хачинс на сетот на филмот „’Рѓа“ во октомври 2021 година кога пиштолот користен на сетот бил наполнет со вистински куршуми.
Доколку биде прогласен за виновен, му се заканува затворска казна до 18 месеци.