Дино Дрпиќ не остави толкава фудбалска трага колку што стана познат по еден нефудбалски потег на теренот во 2009 година. Дрпиќ имаше многу ветувања, но не ја оствари очекуваната фудбалска кариера. На пошироката јавност, сепак, тој е познат по бракот со Ниевес Целзиус, пренесува курир.рс.
Британските медиуми се потсетија на овој брак и на аферата кога Дрпиќ беше отпуштен од клубот поради пејачката и модел на Плејбој.
Медиумите ја обновија и познатата исповед на Ниевес за сексот со поранешниот сопруг на стадионот „Максимир“ на Динамо во Загреб.
Нивес Целзиус во ток-шоу во Србија ги откри деталите од врската со Дино на сред стадионот Максимир.
A Croatia defender was transfer listed after having sex on the pitch with a Playboy model. pic.twitter.com/b8BtRPn8m9
— SPORTbible (@sportbible) November 5, 2022
-Дино договори да ни се запалат светлата на стадионот и конечно го оствари својот сон за секс среде фудбалско терен. Беше многу непослушен – изјави тогаш Ниевес.
Кога тоа стана познато, Дрпиќ веднаш беше исфрлен од Динамо, па заврши во Карлсруе, Германија.
Ниевес и Дино беа во брак девет години и имаат две деца.
Ова не беше единствениот скандал во фудбалската кариера на Дрпиќ. Некогаш му пропадна трансферот во Бешикташ бидејќи на навивачите на Хајдук им го покажа голиот задник. Турците дознале и работата била откажана.