Денешниот работен ден го започнав со посета на пунктот за промена на лични документи без закажување во ПС „Пролет” каде лично од моја страна беше извршен увид во работата на пунктот со цел да се утврди фактичката состојба, напиша на својот Фејсбук профил техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски.
Тој се прошета мегу редицата скопјани, кои, како што велат, уште од четири часот утрово се наредени во хаосот за промена на личните документи.
-Хаос е ова, а на сите нас ни важи пасошот, вела една граѓанка.
Министерот забележа и дека половина од пунктовите не рботат, а на прашањето зошто вработените му одговорија:
-Функционални се ама нема работници, многу колеги нема. Недостасува кадар, преоптеретени се. Прераспоредување, му рекоа вработените.
На заминување министерот на прашањето дали нешто же се превземе рече.
„Бидете сигурни дека ќе се превземе“ , рече тој и се извини во името на Република Македонија.
Денес Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари средба со амбасадорката на Република Грција Н.Е. Софија Филипиду.
На средбата беа потврдени заложбите за унапредување на меѓусебната соработка, особено во областа на безбедноста и полициската соработка.
Министерот Тошковски го презентираше наследениот проблем со недостатокот на обрасци за патни исправи и предложи мерки за негово решавање.