Двајца демонстранти фрлиле супа врз сликата на Мона Лиза во Париз, јавува Би-Би-Си.
Сликата на Леонардо да Винчи од 16 век е едно од најпознатите светски уметнички дела и се чува во Лувр во Париз.
Climate activists just saved the planet. They threw soup on the Mona Lisa. pic.twitter.com/xAtTf0Z9vY
— End Wokeness (@EndWokeness) January 28, 2024
Се наоѓа зад непробојно стакло, па тешко дека е оштетено.
На видеото се гледаат двајца демонстранти кои носат маици со натпис „одговор на храната“ како фрлаат супа кон сликата.
Climate activists just saved the planet. They threw soup on the Mona Lisa. pic.twitter.com/xAtTf0Z9vY
— End Wokeness (@EndWokeness) January 28, 2024
Потоа стојат пред неа, барајќи право на „здрава и одржлива храна“ и велејќи дека „нашиот земјоделски систем е болен“.
Мона Лиза се наоѓа зад сигурносните стакла од почетокот на 1950-тите, кога била оштетена од посетител кој ја полил со киселина.