Го слушаме зборот холестерол и автоматски мислиме дека тоа е лоша работа, а ова се седум намирници кои помагаат во намалување на холестеролот
Бобинки
Додавањето бобинки како што се јагоди, боровинки и малини во вашата исхрана е едноставен и вкусен начин за намалување на холестеролот. Тие се преполни со антиоксиданси и влакна кои го подобруваат целокупното здравје на срцето. Уживајте во нив или додајте ги во шејкови и појадок, пишува „Мирор“.
Риба
Масните риби како лососот се богати со омега-3 масни киселини и можат да го зголемат нивото на добриот холестерол. Други видови масни риби вклучуваат туна и сардина.
Авокадо
Ова популарно овошје содржи здрави масти кои го намалуваат ЛДЛ холестеролот и го зголемуваат ХДЛ холестеролот, давајќи му совршена рамнотежа. Бидејќи е масно овошје, обидете се да се ограничите на половина авокадо дневно.
Лук
Лукот содржи соединенија кои можат да го намалат холестеролот и високиот крвен притисок. Тоа е зеленчук кој лесно може да се вклучи во секој рецепт. Можете да го земате и како додаток.
Орев
Бадемите и оревите се полни со здрави масти и влакна кои придонесуваат за здраво срце. Изблендирајте и додајте во салати, појадок и смути.
Зеленчук богат со растителни влакна
Зеленчукот е важен дел од секоја здрава исхрана. Зеленчукот богат со влакна како брокулата и прокељ се особено добри за срцето, бидејќи позитивно влијаат на нивото на холестерол.
Темно чоколадо
Во умерени количини, темното чоколадо може да придонесе за здраво срце. За да ги искористите придобивките, одлучете се за чоколадо со најмалку 70 проценти какао.