Популарниот хрватски пејач Тони Цетински неодамна се најде во центарот на скандал поради истрагата за набавка на лажни потврди за вакцинација, а сега и поради закажаниот настап на 40-годишнината од Зимските олимписки игри во Сараево.
Кога на прес-конференцијата беше обелоденета целата програма, се крена општа врева.
Во целиот регион се зборува за можноста да се откаже настапот на Тони Цетински, а во оваа прилика тој се огласи на социјалните мрежи.
„Еве некој и мене да ме забрани или да го откаже концертот. Сега и јас го доживеав тоа. Немам проблем да го откажам концертот, но се уште не сме добиле ништо официјално. Во договорот јасно стои што и како да се постапи во случај на откажување“, рече тој и додаде:
„Сета моја сила и енергија сега се насочени кон концертот кој долго време и го должам на публиката, а тоа е Арена Загреб. Концертот ќе се одржи на мојот роденден, 31 мај 2024 година, а сите народи и субјекти од овие простори може да присуствуваат на него бидејќи нашата валута е само љубовта. Со овој концерт заедно со мојата публика ќе одбележам 35 години од мојата работа, а билетите наскоро ќе бидат пуштени во продажба. За неколку дена, поточно на 29 јануари, ќе излезе долгоочекуваниот дует со младиот и одличен пејач Ади Шош, па добро, се се собра за да се испрати јасна порака со песна за политиката и предрасуди што владеат меѓу народите и врелите глави на овие наши, ваши или нивни балкански простори. Со акцент на дел од стиховите: „не е важно каде се молиш, според која Света книга… Важно е само дали си човек или не“, вели Цетински.