Министерството за надворешни работи на Србија денеска посочи дека се неосновани тврдењата дека познатиот српски актер Милош Биковиќ поддржува геноцид и го крши меѓународното право.
Министерството со соопштение одговори на реакцијата на МНР на Украина на мрежата Х, во врска со веста дека Биковиќ ќе глуми во новата трета сезона на глобално познатата серија „Белиот лотос“.
Во таа објава, украинското министерство ја праша телевизиската мрежа HBO дали е во ред да работат со лице кое поддржува геноцид и го прекршува меѓународното право. Тие додадоа дека Биковиќ ја поддржува Русија од почетокот на инвазијата.
Miloš Biković, Serbian actor who has been supporting Russia since the start of the full-scale invasion, is now set to star in HBO's The White Lotus Season 3@HBO, is it all right for you to work with a person who supports genocide & violates international law?
📹 @United24media pic.twitter.com/ceWkXVttfp
— MFA of Ukraine 🇺🇦 (@MFA_Ukraine) January 24, 2024
„Република Србија наследува долга традиција на културно творештво и ние сме многу горди на уставно загарантираното право на слободно научно и уметничко творештво. Нагласуваме дека тврдењата на украинската страна се неосновани, бидејќи Милош Биковиќ пред се е еден од најпопуларните и најталентираните српски актери од својата генерација, кој иако млад, веќе остави свој белег во српската и меѓународната кинематографија. се вели во соопштението на министерството.
Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, на Денот на српската дипломатија во 2019 година, на Милош Биковиќ му врачи повелба за неговиот „исклучителен личен придонес за промоција на оваа земја и нејзиното богато културно творештво во светот“.
Биковиќ е многу активен како актер и продуцент во руската кинематографија, а од февруари 2021 година има руско државјанство.