Пејачката Марија Шерифовиќ, која стана мајка на почетокот на декември минатата година, не се одвојува од синот Марио.
Пејачката одлучила што помалку да настапува за да не пропушти ниту еден момент од воспитувањето на синот кој го доби со помош на сурогат мајка.
Марија речиси секој ден објавува на Инстаграм како Марио напредува и како се снаоѓа во улогата на мајка. Сега таа објави видео на кое се гледа како го држи својот син во раце и танцува со него со хаштагот супермариосерифовиќ на песната „Сакам да знам што е љубовта“.
— Pluton (@Pluton45873221) January 24, 2024
Марија неодамна откри дека нејзиниот син сака музика и дека често му пее.
-Се е во ред и се е под контрола, логистиката ми е силна страна и се е како што треба, се е во ред. Му пеам, од кога е роден сака гласна музика и не сака брза музика, не сака бавна музика – рекла таа.