Кога се во прашање здравствените проблеми, ноктите вообичаено не се на врвот на листата. Наместо тоа, повеќето од нас се попосветени на изгледот. Меѓутоа, секојдневните навики на кои не обрнуваме внимание може негативно да влијаат на здравјето на ноктите, а за тоа не сме ни свесни.
Кои се тие навики?
Грицкање на ноктите
Не само што грицкањето на ноктите е доста нехигиенско, туку ноктите се вообичаено место за создавање вирусни брадавици, а тие се заразни – објаснуваат стручните лица. Престанете да ги грицкате ноктите и за неколку месеци ќе видите резултати. Тие ќе почнат да растат побрзо и ќе станат поцврсти, а при тоа ќе ја намалите можноста да внесете бактерии во организмот.
Лупење на кожата околу ноктите
Ако мислите дека лупењето на кожата околу ноктите е безопасно, размислете повторно. Ова може да доведе до рани, а со тоа и до бактерии. Според дерматолозите, лупењето на кожата може да предизвика инфекција која се вика паронихија – воспаление на кожата околу ноктот.
Премногу силни гел лакови
Иако гел лакот на ноктите може да изгледа убаво, можеби тоа и не е најдоброто решение. Прејакиот гел лак може да ја оштети површината на ноктот како и УВ ламбата. Од време на време оставете ги ноктите да „дишат“ без каков било лак.