Опозиционерот, Алексеј Навални кој се наоѓа на издржување на повеќедецениска затворна казна, покрај претходните обвинувања дека бил отруен, физички нападнат и лишен од соодветна медицинска нега, денес изјави дека секое утро во пет часот е принуден да слуша песни за Путин, пренесува Србија данас.
Поранешниот адвокат Навални (47) кој стана познат пред повеќе од десет години исмејувајќи ја елитата околу рускиот претседател Владимир Путин и изнесувајќи обвинувања за огромна корупција, во моментот е во затвор околу 60 км северно од Арктичкиот круг.
Осуден да остане во затвор до 74-годишна возраст, Навални тврди дека обвинувањата против него се измислени со цел да биде спречен да се занимава со политика. Тој изјави дека неговиот утрински режим сега се состои од слушање на руската химна пред да му ја пуштат „Јас сум Русин“, патриотска песна од пејачот познат како Шаман – пренесува Ројтерс.
2/6 Everyone knows it, parodies of it are recorded, and so on. Of course, I was certainly curious to listen, but where in the prison I could do it?
And then I was taken to Yamal.
— Alexey Navalny (@navalny) January 22, 2024
Шаман стана познат кога јас веќе бев во затвор и не можев ниту да го видам, ниту да ја слушам неговата музика. Но знаев дека му е главен пејач на Путин. Сега тука секој ден во 5 наутро ја слушаме командата „стани“, по што следува руската национална химна, а веднаш потоа свири втората најважна песна во земјата. Тоа е песната „Јас сум Русин“ од Шаман- изјави Навални.
Инаку, вистинското име на Шаман е Јарослав Дронов (32).