На граничниот премин Меџитлија е спречен обид за криумчарење на 45 женски чанти, четири куфери и еден ранец, по извршена контрола од страна на царински службеници, соопштија од Царинската управа.
– Непријавената стока е откриена при контрола на патничко моторно возило кое се пријавило на влез во држвава. Поради сомнение во изјавата на возачот извршена е физичка контрола на возилото, при што во возилото во просторот помеѓу седиштата и во багажниот простор пронајдени се непријавени 45 женски чанти, четири куфери и еден ранец, стои во соопштението од Царинската управа.
Непријавените производи, се подвлекува, се привремено задржани, а против лицето е поведена соодветна прекршочна постапка.