На првиот дел од денешната бурна седница на Град Скопје петставник од синдикатот на ЈСП, откако не се изгласаа субвенциите од 11 милиони евра за ЈСП Скопје, беше револтиран од одлуката, па се обрагти кон советниците од ВМРО-ДПМНЕ кои не гласаа а предлогот, но и кон претседателот на Советот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески.
Луто го праша славески од каде тој, како и останатите вработени во ЈСП да најдат пари за леб кога немаат земено плата.
-Како не ти е срам? Вие кај нас баравте гласови. Што ако е завршена седницата? Враќај се таму и решавај. Вашите деца не мрзнат, нашите мрзнат. Вие четири дена шетавте и знаете да земате паушали. Има луѓе кои живеат со една плата. На детето мое му беше роденден, не можев да му го прославам, се шетав по полициски станици со Миќо, рече синдикалецот.
Погледнете го видеото: