Дејвид Гејл, актерот што го играше доктор Џо Сканлон во повеќе од 200 епизоди на Порт Чарлс, спиноф на серијата „Општа болница“, почина на 59-годишна возраст.
Tој го играше и Стјуарт Карсон, свршеникот на Бренда Волш (Шенен Доерти) во серијата „Беверли Хилс 90210“, како и Дин Колинс во сапуницата „Савана“.
Неговата сестра Кејти Колменарес ја потврди веста. Причината за смртта е непозната.
„Речиси и немаше ден во мојот живот да не си бил покрај мене, секогаш мој придружник, секогаш мојот најдобар пријател подготвен да се соочи со сè и секого за мене“, напиша Кејти и додаде: „Секој ден ќе го чувам во моето срце“.
„Ти беше прекрасно, сакано и неверојатно човечко суштество, кое ќе недостига секоја секунда, секој ден, засекогаш“, напиша таа.
Пит Фериеро, водител и продуцент на поткастот „Беверли Хилс 90210“, зборуваше за смртта на Дејвид. Тој објави снимки од Дејвид од поткастот.
„Тој беше исполнет со живот и неверојатни приказни. Благодарен сум што го познавав. Многу сум тажен поради оваа загуба на светот. Тој беше подарок за сите нас“, напиша Фериеро под објавата на сестрата на актерот.
Гејл е роден на Флорида 1965 година.