Заменик-претседател на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ во пресрет на лидерската средба на земјите на Западен Балкан, на Фејсбук напиша дека утринава со премиерот Ковачевски имавле средба со нашите стратешки партнери и блиски соработници, помошник секретарот од Стејт Департментот Џејмс О’Брајан и амбасадорката на САД Анџела Агелер.
-Убедени сме во следните чекори кои ги преземаме како одговорни лидери и политичари. Ги надградуваме нашите сојузи и креираме мостови на пријателство и соработка во регионот. Планот за раст е конкретна акција за регионална соработка на државите на Западен Балкан, која ќе ни обезбеди забрзана интеграција во ЕУ, конкретни реформи на општеството и членство во ЕУ до 2030 година, напиша тој.