.
Ја поздравувам одлуката на Универзитетот во Тирана во чии рамки и официјално се активираат воннаставните модули за македонски јазик, литература и култура, вели министерката за култура Бисера Костадиновска стојчевска.
Таа на Фејсбук профилот напиша:
-Изучувањето на македонскиот јазик е уште една убава вест за нас и за промоцијата на македонските културни обележја надвор од нашите граници. Тоа е пример за вистинска соработка помеѓу двете држави, кои преку уважување на различностите ја зајакнуваат заедничката европска визија на патот кон членството во ЕУ. Задоволството е уште поголемо имајќи го предвид фактот дека настава на македонски јазик веќе има на Универзитетот „Фан С. Ноли“ во Корча. На сите студенти им посакувам успех во учењето на нашиот прекрасен јазик и запознавање со македонската култура. Тие се уште една нераскинлива врска во искрените пријателски односи со Република Албанија, напиша министерката.