Полицијата информира дека се случил инцидент во градски автобус во Скопје предизвикан од возач на ЈСП.
Вчера во 10.55 часот во скопската полиција, М.Б.(35) од Скопје пријавил дека во автобус на ЈСП во населбата Радишани, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од возачот на автобусот.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.