Наместо формирање на нова партија, како што најави, градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска ќе ја презеде партијата Нова алтернатива, како нејзин нов претседател. На настанот закажан за утре во 18 часот, Арсовска повикува на конвенција. Партијата Нова алтернатива во 2007 година ја основаше Ѓорги Оровчанец.
Партијата Оровчанец ја основаше во периодот, кога како член на ВМРО-НП стана пратеник во Собранието, а една година подоцна Парламентарните избори, партијата влезе во коалицијата на СДСМ и доби едно пратеничко место. Нова алтернатива во 2016 година повторно стана дел од колаицијата на СДСМ за изборите и во следните во 2020 година. Основачот Оровчанец во 2001 година во владата на Љубчо Георгиевски ја вршеше функцијата министер за здравство.