После неколку месечно затишје во рамки на иницијативата Отворен Балкан, оваа недела во Скопје, Владата и Ковачевски ги дочекуваат претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Албанија, Еди Рама, на настан на кој долгоочекуваната мерка за слободен пазар на труд ќе биде јавно промовирана.
Канал 77 дознава дека на настанот ќе бидат потпишани двата протоколи со што оваа поволност за граѓаните конечно ќе стане достапна во Македонија, Србија и Албанија.
Станува збор за економска иницијатива со што се укинуваат работните дозволи за граѓаните на трите држави и со што се очекува на компаниите да им се олесни пополнувањето на недостатоците од работна сила со привлекување работници од соседството.
Со организацијата на овој настан во Скопје и со ноемврискиот Саем за вино, храна и туризам во Белград иницијативата Отворен Балкан покажа виталност пред ризиците за нејзино згаснување кои беа предизвикани од конфликтот Косово – Србија. Настанот е поддржан од стопанските комори на трите држави.