Македонската заедница во Австралија алармираше дека македонското знаме е забрането за пренос преку камерите на тенискиот турнир Австралија Опен, покрај знамињата на Палестина, Израел, Русија, Белорусија и Тајван кои исто така се забранети! Зошто се уште нема реакција од нашето МНР и нашите амбасадори?, прашува Левица.
„На овој престижен натпревар настапува и нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа, па сепак, македонското знаме е цензурирано од страна на организаторот поради непознати причини! Иако официјално никаде не е забрането нашето знаме на овој турнир, сепак дадени се инструкции на камерманите воопшто да не го прикажуваат!! Зарем не е доста понижувањето што го прави нашата Влада преку продавање на името, сега доживуваме цензура на меѓународно ниво во спортот, што е недозволиво!“, се вели во соопштението на Левица која бара итна реакција од надлежните на ваквата цензура.