Српските медиуми пишуваат дека веќе се знае кој би можел да ја замени убавата Сања Кужет која е бремена и одлучи да се повлече од „Ѕвездите на Гранд“.
Извор за „Свет“ открива дека на нејзиното место ќе дојде, исто така многу популарна водителка Бојана Лазиќ.
Бојана со години е препознатливо ТВ лице, а стана позната откако почна да ја води емисијата „Премиера“ на ТВ Пинк.
Фото: ТВ Пинк
„Кога таа му ја соопшти на Саша Поповиќ радосната вест, тој веднаш почна да размислува кој би можел да ја замени Сања. Бојана работеше за Саша во Гранд и тој е презадоволен од неа, па сега се шпекулира дека преговара со неа за нов ангажман. Се’ уште се чува во строга тајност, но таа има најголема шанса да ја замени Сања“, пишува „Свет“ повикувајќи се на извор близок до Саша Поповиќ.
Водителката Бојана, засега, како што наведуваат српските медиуми, не ги демантирала овие информации.