Во М-НАВ се вработени сестра на министерот за надворешни работи Бујар Османи, снаа на вицепремиерот Артан Груби и внук на министерот за земјоделие Љупчо Николовски, како и роднини на поранешни министри и пратеници, објави „Код“ на ТВ Телма.
Пред истражувањето на „Код“ премиерот Димитар Ковачевски изјави дека М-НАВ е станата како семејна фирма и дека таму се вработувале до трето колено.
„Таму од поодамна е вработена сестрата на министерот за надворешни Бујар Османи, снаата на првиот вицепремиер и министер за политички систем Артан Груби, снаата и синот на поранешниот пратеник на ДУИ Ејуп Аљими, внукот на советникот во М-НАВ Беким Незири, како и внукот на министерот за земјоделиe Љупчо Николовски. Извори во М-НАВ велат дека е вработен и внук на заменик-министерот за внатрешни работи Назим Буши. Роднините на Николовски и Незири работата како помошници контролори , а во оператива работи и сестрата на Османи, останатите се во администрација“, објави „Код“.