Џасинда Ардерн, поранешната премиерка на Нов Зеланд, се омажи за својот долгогодишен партнер, свршеникот Кларк Гејфорд на церемонија во винарија на источниот брег на северниот остров во Нов Зеланд, во регионот на Хок Беј каде живее неговото семејство.
Двојката се сврши на почетокот на 2019 година, една година откако станаа родители на девојчето Нева, во јуни 2018 година.
Откако во јануари минатата година неочекувано поднесе оставка како премиер, наведувајќи ја исцрпеноста, Ардерн на својот избраник на прес-конференција му кажа:
„Конечно ќе се венчаме“.
Нивните свадбени планови за 2022 година пропаднаа поради ограничувањата за пандемијата, но Џасинда и нејзиниот Кларк, кои беа во врска 10 години, сега успеаја да ја направат својата свадба реалност на церемонија од бајките со пријатели, семејството и политичари.
Тие разменија завети во зачудувачкиот „Craggy Range“ во Хевелок норт во срцето на заливот Хокс во Нов Зеланд. Ардерн го кажа своето судбоносно „I do“ во неверојатна венчаница без ракави со деколте, направена по нарачка од најпознатата дизајнерка на Нов Зеланд и блиска пријателка на Џасинда, Џулиет Хоган.
Фото: Платформа X- Twitter