На 12.01.2024 околу 19,10 часот на подрачје на Штип, полициски службеници од СВР Штип извршиле контрола на патничко моторно возило управувано од П.Д.(20) од с. Таринци, општина Карбинци, во кое се превезувале уште три лица М.Б.(29) од Скопје, Х.А.(19) од Штип и едно малолетно лице од Штип.
При преглед кај нив е пронајдена и одземена грутчеста материја.
Лицата се лишени од слобода, по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.