Ден пред натпреварот против Германија навивачите од Македонија тргнаа за Берлин.
На Интернационалниот аеродром во Скопје пред летот за Берлина веќе се собира поддршката на нашите момчиња, кои утре вечер треба да запеат „Македонија се сака, македонија се љуби и кога победува и кога губи“.
Група навивачи од Битола опремени со реквизити за навивање запејаа на аеродромот.
Со Франција беше отворено 16 Европско првенство, а и ракометарите и навивачите веќе се стационирани во новата база во Берлин, каде ќе се одржт двата претстојни натпревари во рамки на групата А.
Македонските ракометари загубија од Франција со 29-39, а со воз пристигнаа од Дизелдорф во Берлин каде, освен домаќиноте Германија, противник во вторник ќе им биде Швајцарија.
Избраниците на селекторот Кирил Лазаров утре со почеток во 20:30 часот ќе заиграат во „Мерцедес – Бенц Арена“ во Берлин‘, а во истата сала, на 16 јануари, ќе играат против Швајцарија во завршното коло во групата А.
Пласман во следната фаза од Групата А ќе обезбедат двете првопласирани репрезентации.
Фото: Вангел Тануровски