Животот на Зои Саливан (44) од Северна Шкотска е сè само не обичен. Таа и нејзиниот сопруг Бен (48) имаат 12 деца, но немаат намера да застанат со проширувањето на семејството – пренесува британски Сан.
Оваа мајка редовно го споделува своето искуство во врска со предизвиците поврзани со огромното семејство, а тоа го прави на својот ТикТок профил. Зои и Бен имаат девет ќерки и три сина. Нивното најмало дете е сѐ уште бебе, а најстарото е 18 години.
Бременост скоро секоја година
Како што раскажува Зои, во последните 20 години била бремена дури 15 пати. Во периодот меѓу 2004 и 2009 година, како и од 2011 до 2013 била бремена скоро секоја година. По кратката пауза, таа повторно била бремена во 2015, 2016, 2017, 2021 и 2022 година.
Иако веќе има 12 деца, Зои и нејзиниот сопруг Бен планираат уште повеќе да го прошируваат семејството.
Нивниот сон е целото семејство да живее во голема куќа со градина. Зои често споделува детали од секојдневниот живот на своето големо семејство – од пакување на огромна количина на обувки и облека за одмор, до забрзана утринска рутина која вклучува плетење на косите на нејзините ќерки пред да одат на училиште.
Видео снимките на оваа мајка привлекоа големо внимание на социјалните мрежи. Една од снимките има над 18 милиони прегледи.
„Од што живеете и како храните толку деца?“
Колку подароци се тоа за роденден или пак, за Божик?
Како мислите да платите за факултет на своите деца? – се само дел од бројните коментари.