Судот од Кичево определи 30-дневен притвор за таткото Ф. Д. ( 30), кој ја претепа својата двегодишна ќерка. Девојчето почина на скопската Клиника.
Против него е поднесена кривична пријава за убиство.
„Тој, на 18.12.2023 година, околу 21 часот, во семејната куќа во Кичево, при вршење семејно насилство, со физичка сила ѝ нанел тешки телесни повреди на својата двегодишна ќерка, која била пренесена за укажување лекарска помош во Општата болница во Кичево, а потоа во Клиничкиот центар ‘Мајка Тереза’ во Скопје, каде што на 8 јануари починала“, велат од СВР Охрид.
Мажот е спроведен во Казнено-поправната установа „Затвор – Битола“.