Претседателот на ЗНАМ и актуелен градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски на вчерашното гостување во емисија на ТВ 21 , запрашан дали планира коалиција со најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ после изборите, не даде конкретен и прецизен одговор.
- „Нашата цел не е да коалицираме, нашата цел е да понудиме кој ќе коалицира со нас. Нашата цел е да ја освоиме власта. Дали ќе успееме во тоа не знам. Но сигурно знам дека за сите итни соработки, ќе ги донесат официјалните органи и тела на партијата, а со кого ќе коалицираме и ќе соработуваме ќе зборуваме по изборите. Но сигурен сум дека нема да коалицираме со оние кои ѝ нанеле зло на Македонија“, рече Димитриевски.