Четири лица се здобиле со потешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што околу 1 часот по полноќ се случила на патниот правец од Кочани кон Пониква, во близина на месноста Аеродром.
Патничко моторно возило со штипски регистарски ознаки излетало од коловозот во бездна длабока десетина метри.
Во возилото се превезувале две момчиња и две девојки од Штип на кои веднаш им била укажана медицинска помош, а поради сериозноста на повредите се пренесени во Клиничката болница во Штип.
Увид на местото на настанот изврши увидна екипа од Полициската станица од Кочани.