МВР информира за сообраќајка во Тетово, каде возач удрил во пешак и побегнал.
-На 10.01.2024 во 11.40 часот во СВР Тетово пријавено е дека на улица „Косовска“ во Тетовo, патничко моторно возило удрило во Т.А.(64) од Тетово, по што го напуштило местото на настанот. Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница. На местото на несреќата увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото и расчистување на случајот, информираат од МВР.