Полемики во јавноста предизвика најавата на министерот за здравство Фатмир Меџити, дека по Нова Година следуваат поригорозни мерки откако Македонија се најде меѓу десетте најпушачки нации во светот. Дебатите се одвиваа околу тоа како се случи речиси половина нација да се пушачи, а законот што го регулира пушењето да не се почитува.
За тоа каков е ставот на публиката на ММС, проверивме низ анкета, кој покажа дека 481 корисник или 59 отсто од 818 кои одговориле, сметаат дека законот кој забранува пушење во затворен простор треба строго да се почитува и неговото прекршување да се казнува.
Интересно е дека 21 отсто или 169 сметаат дека треба да се дозволи пушење по кафулиња, дискотеки, кафеани, а додека 9 отсто сметаат дека треба да се контролира продажбата на цигари на малолетници – 70 гласови. Идентичен број на испитаници, по 6 отсто, одговориле дека забраната да се либерализира и да се дозволи пушење во места за забава додека да се санкционира во ресторани каде се служи храна и дека е потребна е јавна кампања со цел намалување на бројот на пушачи.
Оваа недела го бараме вашето мислење за настаните во М-НАВ, односно упадот во Контролата на летање. Прашањето гласи:
Упадот во Контрола на летови е акт на:
- Демонстрација на сила и политичка моќ
- Чин на тероризам и загрозување на уставниот поредок
- Очекуван и оправдан тек на настаните
- Немање на други средства да се решат состојбите.