Српскиот политичар Срѓан Ного на Јутјуб повторно објави видео со информации за убиството на Вања и Панче, со, како што врди тој, детали од истрагата кои не се познати за македонската јавност.
Тој вели дека таткото на Вања го открил убиството, не полицијата, а бидејќи бил богат нелогичен му бил аргументот дека убиството на Вања е заради пари. Освен тоа, според него, потенцијална жртва била и помалата сестра, но се спасила бидејќи тој ден немала прв час.
Ного вели дека мајката на Вања по нејзиното исчезнување најпрво се јавила во болница, а потоа била препратена во полиција.
Не е познато од каде, но, во видеото Ного објави и досега необјавени видео материјали, каде се гледа „цитроенот“ пред зградата на Вања. Објавена е и снимка од последниот ден на Панче Жежовски на бензинска пумпа во Велес.
Погледнете го видеото на Ного: