На последната седница на Советот на општина Карпош, градоначалникот Стевчо Јакимовски ги праша советниците од ВМРО-ДПМНЕ дали знаат каде е факултетската диплома на претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ и актуелен пратеник во Собранието, Тони Јаревски.
„Вие можете да се жештите колку сакате, вербално и интелектуално сум посилен од вас и нема да ви дозволам да правите што сакате со општина Карпош. Поготово не од вас, да се жештите и да се нервирате, а сте познати по купување на дипломи.
На претседателот на општинската организација (Тони Јаревски) кај му е дипломата? Зашто ја нема во Водовод и канализација, зашто ја нема дипломата во парламент?“ праша Јакимовски.
Градоначалникот обвини партиски функционери на ВМРО-ДПМНЕ за „купување“ на факултетски дипломи.
„Допрва ќе ви кажеме дека вие сте познати по купување дипломи, И не се навредувајте, кажете така е, да го поживее Господ Никола Груевски, ви отвори факултети, да завршиме факултети за да може да земеме функции“ заврши Јакимовски.