Малата Нина Николовска со песната „Бозиќ“ ќе им го стопли срцата на сите за време на божикните празници. За оваа песна, која претставува божиќна химна, изработен е и спот, во кој изобилуваат магични моменти кои ги носат овие празници не само во секој дом, туку и убавината што ја носи Крива Паланка во овој период на годината.
Целиот тим, кој го работеше овој проект се музичари од Крива Паланка, а е продукциското првенче на Центарот за аудиовизуелни уметности Крива Паланка.
Автор на музиката и аранжманот е џез-музичарот по потекло од Крива Паланка, Гордан Спасовски, текстот е на Рената Кралевска, режија, Александар Ристески, директор на фотографија, Тони Величковски, а извршен продуцент е Методи Цветковски.
Спотот е снимен во центарот на Крива Паланка, но и на повеќе локации во околината на градот, кои го покажуваат раскошот за време на овие празници, но и ги мамат посетителите како локација и за културен туризам, за планински, гастрономски, еко-туризам, уживање во природата и чистиот воздух и секако неизбежниот убавец, манастирот „Св. Јоаким Осоговски“.
Овој проект е под покровителство на Општина Крива Паланка , каде денес се организираат “Бадникови поворки” со Бадникова прослава на градскиот плоштад, а утревечер, во 18 часот, ќе се одржи “Божиќен концерт” на Трио џентлмен.
Во исчекување на Христовото раѓање Нина во песната запеа:
-Ме буди мирис на цимет и божикни колсчиња. Божиќ е љубов и светлина, во нашите срца топлина. Замижи и посакај добрина, мир.., порачува Нина, заедно со многу дечиња кои се дел од спотот…