Граѓанската сила „Замисли” изразува безрезервна поддршка на битката против партизација на М-НАВ, предводена од Синдикатот на контролорите на летање, каде претседател е нашиот активист Александар Тасевски.
-Ја поздравуваме најавата на Владата за разрешување на целокупното раководство на М-НАВ и за ревизија на досегашното работење. За демонстрацијата на сила преку насилничкиот упад во М-НАВ, пак, што директно ја наруши безбедноста на вработените и на авиосообраќајот на македонското небо, бараме и мора да има правна разврска и кривична одговорност. Битката за професионалност во М-НАВ е битка на сите нас, за држава на граѓаните, а против држава разбрана како сопственост на политичко – криминални групации. Таа битка се води постојано и не треба да се чекаат криминални и насилни упади или ескалација на состојбите за да се преземат мерки, особено ако се има предвид дека Синдикатот алармираше за овие процеси од многу одамна, се вели во соопштението на „Замисли” од каде додаваат: .
-Овој Синдикат, воедно стана и симбол на професионален интегритет и пример за пркос против партизацијата, која освен што ги подрива институциите, почна да биде и директна закана за безбедноста и животот на граѓаните. Оваа победа, доколку Владата си остане доследна на најавата, е пример како организиран и обединет отпор од професионалци поддржан од јавноста може да предизвика сериозни системски промени и да ги поттикне на акција носителите на одлуки. Без јасна линија помеѓу државата и партијата, без да се знае каде завршува партијата, а каде почнува државата, нема ниту држава, ниту иднина. Вистински луѓе на вистински места е нашето мото – и тоа очигледно е поважно од кога било, вели тимот на тимот на „Солуција“, основачи на Граѓанската сила „Замисли“.