Со информација дека Сашко Горгиев поднел оставка од местото претседател започна итната седница на Судскиот совет. Седницата ја води потпретседателот, кој кажа дека оставката е по барање на Горгиев. Членовите едногласно му ја прифатија оставката.
Горгиев ја образложи својата оставка.
-Доставив писмено барање за оставка. Тоа е повод за оваа седница. Во кратки црти, по разрешувањето на Дамева, на наредна седница за избор на претседател бев предложен од колегите и избран. Знаете сите дека бев во дилема дали да ја прифатам оваа функција, бидејќи тогаш, Судски совет беше во специфична ситуација со нарушени меѓучовечки односи. Тоа беше тежок период за советот. За овој период од мај до денеска, за краток период сите заедно успеавме да избереме 30 судии и академци, а потоа избравме и судии во Апелација, ја зголемивме и транспарентноста. Од лични и принципиелни причини ја донесов оваа одлука“, образложи Георгиев.
Оставката следеше откако Управниот суд донесе пресуда дека разрешувањето на поранешната претседателка Весна Дамева е поништено.
Горгиев рече дека со пресудата не се поништува неговиот избор, сепак тој поднел оставка, додаваќи дека бил на чело на Советот во тежок период.