Забавата на познатата руска блогерка Анастасија Ивлеева на 20 декември во Москва со голотија и дрога предизвика редица осуда и казни за учесниците. Руското конзервативно општество веднаш се пресмета со бројни познати имиња од светот на забавата, вклучително и организаторката на забавата, по што следеа редици извинувања. Најдебелиот крај го извлече раперот Вацио – младиот Николај Василев, кој на забавата дојде гол со бел чорап на половиот орган.
Московскиот градски суд на раперот му одреди притвор во траење од 15 дена, како и парична казна од 200 илјади рубли за „пропаганда на не- традиционални сексуални односи“.
Меѓу гостите на забавата за чиј влез се плаќаше и по десетина илјади евра, беа поп иконата Филип Киркоров (познат и како учесник на македонските фестивали), пејачката Лолита и поранешниот победник на Евровизија Дима Билан. По бројните реакции, Лолита е забранета на ТВ екраните, додека на Киркоров му се откажани настапите, а исто така му се бојкотираат настапите на ТВ. На Дима Белан му се замрзнати рекламните договори. Блогерката, низ плач се извини на руската јавност, откако против неа беше поднесена тужба. Се извинија и некои од учесниците.
На ширење на „геј-пропаганда“ или „наркоманска пропаганда“ реагираа дел од провладините здруженија, додека пратеник во руската Дума побара да се провери дали е прекршен указот на претседателот за заштитата на традиционалните руски духовни и морални вредности.
Сметките на организаторката се „чешлаат“ од државата.
Што всушност се случи на забавата најдобро се гледа од видеата и фотографиите во прилог.
Забавата се одржа во московскиот ноќен клуб „Мутабор“ ноќта меѓу 20 и 21 декември. Кодексот на облекување за настанот беше означен како речиси голи – гостите на забавата мораа да се облекуваат во очигледни комбинации кои речиси целосно ги откриваа нивните тела.
Фотографиите од настанот брзо се раширија низ социјалните мрежи и предизвикаа големи негодувања во јавноста.
Руски војници лоцирани во Украина снимија видео порака во која еден од војниците вели дека додека гинат на бојното поле, познатите личности ги корумпираат младите.
На 27 декември, судот во Москва го прогласи настанот во клубот како пропаганда на нетрадиционални сексуални односи.
Како резултат на инспекцијата, објектот бил запечатен времено на еден месец, а властите како причина ги наведе прекршувањата на правилата за продажба на алкохол.