Двајца државјани на Србија на возраст од 55 и 56 години се уапсени во Италија поради повеќе кражби во кои украле стока во вкупна вредност од 450.000 евра, пренесува ало.рс.
Како што се сомневаат, тие работеле од октомври до декември минатата година во модниот кварт во Милано, во продавници за накит, големи хотели и луксузни продавници.
Истрагата започнала кога било пријавено дека е украден ѓердан од 123.000 евра од златарница во Виа Монте Наполеоне во Милано (моден кварт во Милано).
Само два дена подоцна, во луксузен хотел исчезнале 10 шишиња вино во вредност од 200.000 евра.
Во третата кражба, на 5 ноември, тројцата ограбиле златарница во друг хотел и украле ланче од 100.000 евра.
Според она што го реконструирале агентите, последниот напад што го извршила криминалната група бил во стоковна куќа каде однеле шише шампањ вредно 3.200 евра.
Покрај наведеното, осомничената група од Србија извршила уште неколку разбојништва.
Според италијанските медиуми, сите кражби биле разрешени благодарение на снимките од надзорните камери, а потрагата по двајцата Срби се уште трае.
Како што може да се види на видеата, Србите во локалите се појавија во палта глумејќи муштерии, односно немале маски и не обрнувале внимание на камерите, па секој плен го отуѓиле користејќи ја невнимателноста на работниците.