Авион на Јапан Аирлинес се запали при слетување на пистата на аеродромот Ханеда во Токио во вторникот вечерта.
На снимката на телевизијата НХК се гледа како пламенот излегува од прозорците на авионот и под него. Запалена е и пистата, пишува Би-Би-Си.
🇯🇵 | URGENTE: El vuelo JL516, un Airbus A350 operado por Japan Airlines con más de 360 almas a bordo, acaba de chocar con avión de la Guardia Costera japonesa mientras aterrizaba en aeropuerto internacional de Tokio-Haneda, provocando varios incendios.
pic.twitter.com/Z231odh8kP
— Alerta News 24 (@AlertaNews24) January 2, 2024
НХК, повикувајќи се на властите, објави дека авионот можеби се судрил со друг авион по слетувањето во Ханеда.
🇯🇵 | URGENTE: Imagenes en directo de la transmisión de televisión que muestra a los pasajeros escapando del avión en llamas.
pic.twitter.com/qb2CScUuTw
— Alerta News 24 (@AlertaNews24) January 2, 2024
Сите патници на летот се евакуирани, соопштија од Јапан Аирлинес. Во авионот имало околу 367 патници, со уште 12 членови на екипажот – што значи дека се евакуирани вкупно 379 лица, пренесува Скај Њуз.