Значи, тоа не е мамурлак во буквална смисла, но ако јадете премногу слатки, може да имате некои симптоми на мамурлак: нервоза, главоболка, вртоглавица…
– Мамурлакот предизвикан од шеќер навистина постои, во смисла дека се чувствувате лошо кога консумирате голема количина шеќер – вели нутриционистот Ким Ларсон.
На почетокот, преработениот шеќер го зголемува нивото на ендорфин во телото и прави да се чувствуваме добро.
-Тогаш нагло опаѓа нивото на шеќер во крвта, поради што се чувствуваме уморни, нервозни, сè нè нервира – вели д-р Ларсон.
Ако само повремено се прејадувате со слатки, тоа не е толку лошо, но ако често консумирате прекумерни количини шеќер, тоа може да има долгорочни ефекти врз вашето здравје, па дури и да доведе до промени во мозокот.
Навика која наскоро станува зависност
Ако често консумирате многу шеќер, постои ризик тоа да ви стане навика, а д-р Лаура Шмит од Универзитетот во Сан Франциско вели дека оваа навика всушност станува зависност.
-Немаме некое конкретно истражување за мамурлакот, но имаме прилично добри докази за неверојатната желба за слатки и последиците од прејадувањето слатки. Со текот на времето, можете да го промените составот на центарот за наградување на мозокот. Треба да размислиме за тоа – вели д-р Шмит.
Имено, шеќерот го зголемува нивото на допамин, во делот од мозокот одговорен за чувството на задоволство. Ако внесуваме допамин „однадвор“ во телото, преку слатките, со текот на времето мозокот почнува да „сфаќа“ дека нема потреба да произведува толку многу допамин.
Затоа, штом се намали или елиминира „надворешниот допамин“, односно слатките, се појавува таа нескротлива желба за слатко.
Најдобар начин да ги избегнете овие негативни последици од внесот на шеќер е да го ограничите внесот на храна и пијалоци кои содржат шеќер.