Во Скопје вечерва приведен е Дрин Ахмети, кој е познат како внук на Али ахмети, а од неодамна и како газда на трговскиот центар „Соравија“.
МВР го потврди приведувањето на бизнисменот и објасни дека при претрес во неговиот џип пронајдени се пиротехнички средства.
-Денеска (30.12.2023) во 19.50 часот на ул.„Самуилова“ во Скопје полициски службеници запреле патничко моторно возило „ренџ ровер“ со албански регистерски таблички, управувано од Д.А. (25) од с.Зајас, Кичево и при преглед на возилото се пронајдени пиротехнички средства. Лицето е приведено во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, се вели во информацијата од МВР.
По апсењето на бизнисменот со реакција се огласија од ВМРО ДПМНЕ.
-Со оглед на фактот дека Али Ахмети е од “европската коалиција”, а вечерва милионерот Дрин Ахмети освен што ја купил Соравија, дознаваме дека шверцувал петарди, би прашале дали биле европски пиротехничките средства, од која европска земја се донесени, дали звукот што го испуштаат е европски и дали ја информирале Европската комисија за оваа нивна реформа со пиротехнички средства, се вели во соопштението од партијата.